Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна

    10.06.2026 во 10:01

    Апсење на Блаце – МВР со детали

    10.06.2026 во 10:00

    За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми

    10.06.2026 во 09:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлични вести: Цената на нафтата драстично падна
    • Апсење на Блаце – МВР со детали
    • За еден хороскопски знак, оваа недела би можела да биде идеална можност да ги реши финансиските проблеми
    • Паника кај туристите во Грција: Морето кај Солун одеднаш стана целосно зелено и почна да мириса, еве што се случува
    • СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието
    • Хаосот во Белфаст продолжува: Демонстрантите палеа куќи и автомобили
    • ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

    Шукова: Селекцијата на отпадот од домаќинствата ќе го намали притисокот врз Вардариште и Дрисла

    10.10.2025 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје од СДСМ, во интервју за ТВ 21 нагласи дека воведувањето систем за селекција на отпад на ниво на домаќинства е суштински чекор за справување со зголемените количини на отпад и за намалување на притисокот врз Вардариште и депонијата Дрисла.

    „Мора да почнеме со селекција на отпад уште од дома. Ако граѓаните добијат соодветни канти, контејнери и камиони што ќе го подигнуваат селектираниот отпад, количините можат да се намалат и до 50% во првиот период. Тоа значително ќе го олесни процесот на собирање, транспорт и третман“, изјави Шукова во интервју за ТВ 21.

    Според неа, Скопје мора да воспостави систем кој паралелно ќе се справува со санацијата на Вардариште и со намалување на вкупната количина отпад која се пренесува до Дрисла. Овие две активности се тесно поврзани.

    „Колку е помалку отпадот, толку се поефикасни и поевтини решенијата за неговото третирање“, рече Шукова во интервјуто.

    Селекцијата на отпадот од изворот домаќинствата е темел на секој успешен систем за управување со отпад, смета Шукова. Граѓаните ќе бидат клучни партнери во решавањето на овој долгогодишен проблем, истакна таа.

    Шукова предупреди дека санацијата на Вардариште е сериозен технички и финансиски предизвик, кој бара професионален пристап, точни податоци и стабилно финансирање.

    „Во Вардариште има, според проценките, над 2 милиони кубни метри отпад тоа е огромна количина. Еден кубен метар чини околу 10 до 15 евра за отстранување. Само тоа зборува за сериозноста на ситуацијата. Санацијата не е едноставен процес и бара систем за извлекување гасови, набивање на земјата со глина и, можеби, идно зазеленување, но не и парк барем не во следните 15 до 20 години“, изјави Шукова.

    Таа посочи дека отпадот кој сè уште се наоѓа на оваа локација е стар, длабок и активен, на некои места достигнува длабочина од над 14 метри. Присуството на гасови што настануваат со распаѓањето на отпадот претставува реална опасност од самозапалување, особено ако нема контрола и извлекување на гасот.

    „Санацијата на Вардариште не смее да се третира како козметичка мерка. Таа бара системски, научно базиран и долгорочен пристап, со јасен финансиски план. Скопје заслужува решенија што ќе гарантираат безбедност и здрава животна средина за сите негови граѓани“,рече Шукова во интервју за ТВ 21.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Време е Трипуновски да понесе одговорност за катастрофалната состојба во земјоделието

    10.06.2026 во 09:42

    ВМРО-ДПМНЕ: Пониски трошоци за граѓаните – Мобилен роаминг како дома во земјите од ЕУ

    10.06.2026 во 09:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.