Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Франција и Словачка отстранија руски олигарси од санкциите на ЕУ
    • Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата – камен-темелник се очекува следната година
    • Голема трагедија: Две девојки од Сараево загинаа откако „голф“ излета во клисура
    • Клековски открива: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција
    • Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати
    • Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
    • Портокалово предупредување за Халкидики: Силни бури, чести молњи и можен град од рано во вторник
    • Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ-Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија 

    Мицкоски: На овие избори има две опции СДС-ДУИ-Левица кои се нереформирани „како до сега“ и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок на Македонија 

    09.10.2025 во 18:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во миантото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и напредок на државата.

    „Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДС денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден и на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми дека  ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните“ нагласи Мицкоски.

    Мицкоски посочи дека на овие локални избори има две понуди едната опција СДС-ДУИ и Левица  а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.

    „На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДС-ДУИ и Левица а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДС ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес а тоа е повторно со трик, лага конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ.  Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши“ кажа Мицкоски.

    Мицкоски ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.

    „Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9“ заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Со измени во Закон се забранува пратеник да има двојно државјанство, лагите на СДС се демантираат

    21.09.2026 во 17:10

    Минчев и Сељами остварија средба: Институционалната соработка е клучна за поефикасна јавна администрација и заштита на граѓаните

    21.09.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.