Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп ја назначи Кејти Закарија за нова портпаролка на Белата куќа
    • Венецуела даде зелено светло за „Старлинк“ на Илон Маск
    • Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец
    • Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска
    • Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин
    • Баба од Аеродром пријавила дека синот ја тепал
    • Необичен улов на царински службеници: Косовец се обидел да изнесе заштитени видови змии преку „Богородица“
    • Со тврд предмет ја тепал партнерката – полицијата мораше да приведе кавадарчанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

    АД ЕСМ: Ниту еден член од сегашното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка

    09.10.2025 во 14:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ниту еден член од тековното раководство на РЕК Битола не е приведен, ниту инволвиран во тековната постапка, велат од АД ЕСМ по информациите објавени во дел од медиумите за апсење поврзано со сопственикот на „Марковски Компани“, Борче Марковски.

    Приведените лица, како што се наведува во соопштението од АД ЕСМ, се дел од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесува на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.

    -Го охрабруваме целосното расветлување на случајот и изразуваме поддршка за институциите во спроведување на законските процедури, со цел утврдување на фактичката состојба. Во интерес на точно информирање, апелираме до медиумите и јавноста да се прави јасна разлика помеѓу поранешното и сегашното раководство, и да не се изнесуваат дезинформации кои можат да ја нарушат довербата во работата на АД ЕСМ, се нагласува во соопштението.

    Дел од медиумите денеска објавија дека е уапсен Борче Марковски, сопственик на „Марковски компани ДООЕЛ“ од Битола, компанија која стана позната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата.  Оваа компанија беше посочувана за една од најблиските на минатата влада. 

    Неофицијално, како што пишуваат дел од медиумите, Финансиската полиција го сомничи Марковски за местење тендер од околу 100 милиони денари или 1,6 милиони евра од државниот буџет. 

    Прочитај повеќе

    Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

    10.10.2026 во 15:09

    Штипјанец со метална шипка нападнал сограѓанин

    10.10.2026 во 15:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.