Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него

    29.10.2026 во 10:10

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството

    29.10.2026 во 09:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – Оливер Спасовски со тага се прости од него
    • Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу
    • Нови детали: Ден Дончев меѓу пријавените во истрагата за милионски злоупотреби во здравството
    • Возел без дозвола, направил сообраќајка и избегал – МВР го фати
    • Љубовен пресврт за едни, успех на работа за други: Хороскоп за 29 октомври
    • Валандово со проекти вредни милиони денари, финансиска поддршка и за учениците
    • ФОТО: Два тона небезбедно месо ќе се уништува на Дрисла – Се продавалло преку социјални мрежи
    • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски најави рамномерен развој на Скопје: Шуто Оризари ќе добие нов стадион, обновен спортски центар и културен дом „Есма Реџепова“

    Ѓорѓиевски најави рамномерен развој на Скопје: Шуто Оризари ќе добие нов стадион, обновен спортски центар и културен дом „Есма Реџепова“

    08.10.2025 во 13:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нов фудбалски стадион, реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ и спроведување на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“ се низа инфраструктурни и социјални проекти за Шуто Оризари кои денеска ги најави кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

    Според него, овие вложувања се дел од визијата за рамномерен развој на Скопје, каде секоја општина добива шанса да придонесе кон заедничкиот напредок.

    -Шуто Оризари е дел од нашата визија за современо и функционално Скопје, каде секоја општина добива шанса да го развие својот потенцијал, изјави Ѓорѓиевски.

    Меѓу најавените проекти се изградба на нов фудбалски стадион со трибини, соблекувални, осветлување и пристапна инфраструктура, кој ќе служи за спортски активности на младите, но и за локални и регионални натпревари и општествени настани.

    Планирана е и целосна реконструкција на Спортскиот центар „Шуто Оризари“, со нови терени, зелени површини и урбана опрема, со цел да се врати неговата улога како центар на спортот и рекреацијата.

    Во областа на културата, Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, кој ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино и младински активности.

    -Со изградбата на новиот Културен дом „Есма Реџепова“ на местото на старото матично, вложуваме во културата како темел на заедништвото и локалниот идентитет. Домот ќе биде простор за театар, концерти, изложби, кино проекции и младински активности, но и симбол на достоинството, традицијата и културната енергија на Шуто Оризари. Со тоа оддаваме и посебна почит кон големата Есма Реџепова – амбасадор на ромската култура, која со својот глас го претставуваше не само Шуто Оризари, туку и Скопје и цела Македонија во светот, истакна Ѓорѓиевски.

    Во рамки на социјалната програма „Скопје – град кој се грижи за сите“, најави системска поддршка за граѓаните во социјален ризик, преку финансиска помош, хуманитарни пакети, психосоцијална поддршка и програми за преквалификација. Ќе се формираат и прифатни центри со 24-часовна грижа и програми за ресоцијализација на бездомници.

    Прочитај повеќе

    Паркот во Градски ѕид доби нови содржини и 90 нови садници и дрвја

    29.10.2026 во 09:21

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.