„Ова не се обични избори. Ова е борба за вистината, за достоинството, за иднината на нашиот заеднички дом, Македонија,“ порача Венко Филипче вечерва во Гевгелија на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“.
Тој ги повика граѓаните на 19 октомври масовно да излезат и да ја испратат јасна порака до властадека е доста од лаги и ароганција.
„Ве повикувам, Гевгелија, со својот глас да ја испратите првата порака: доста е од лаги, доста е од ароганција, доста е од власт која се грижи само за себе. Да ја вратиме правдата, да ја вратиме солидарноста, да ја вратиме надежта дека оваа земја може да биде место каде вреди да се остане и да се живее0“, рече Филипче.
Тој оцени дека единствената сила што може повторно да ја исправи државата е СДСМ.
„СДСМ не е само партија, СДСМ е идеја, движење за општество во кое секој човек е важен. И таа идеја повторно се раѓа, во секоја улица, во секое маало, во секое срце што верува дека Македонија не смее да се предаде. Ние, социјалдемократите, не ги лажевме луѓето. Секогаш сме биле тука за нив. И повторно ќе ја исправиме државата. Македонија се буди, повторно ќе го вратиме чувството дека власта постои за луѓето“, порача Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва во Гевгелија.