Close Menu
Press24
    Најново

    Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините

    29.10.2026 во 22:04

    Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството

    29.10.2026 во 21:47

    Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт

    29.10.2026 во 21:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Толку беше: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

    Толку беше: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

    07.10.2025 во 17:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити попладнево на прес-конференција информира дека Владата еднострано го раскинала договорот за концесија за експлоатација на варовник на локалитетот Лавинчеви во атарот на селото Страчинци во Општина Гази Баба, склучен со „Мелкам Инжинеринг“ од Скопје.

    Меџити соопшти дека одлуката е донесена поради сериозни пропусти.

    -Концесионерот не обезбедил минимална експлоатација од 20 отсто според договорот, односно 25.000 тони годишно, во 2022 година биле ископани само 277 тони, во 2023 година нема активност, а во 2024 година само 187 тони. Активностите биле често прекинувани и не се почитувани законските обврски. Исто така концесионерот не платил концесиски надоместок за ископаните количества во последните три години, рече тој.

    Меџити соопшти дека вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини потврдил дека концесионерот не го исполнил договорот и имало долгогодишен прекин во активностите. Со оваа одлука, како што потенцира тој, престанува да важи доделувањето на концесијата, а сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки.

    -Ова е јасна порака дека Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање нема да толерираат несовесно користење на природните ресурси. Ќе продолжиме да обезбедуваме одговорно и одржливо управување со нив, во интерес на граѓаните и јавниот интерес. Здравјето и безбедноста на граѓаните се и ќе бидат на прво место, рече вицепремиерот  и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.