7600 здравствени работници ќе добијат по 30.000 денари
По 30.000 денари ќе добијат 7600 вработени во здравствените установи кои работат со ковид пациенти, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
-Тие се нашите херои кои пожртвувано работат цела измината година. Нивниот труд го вреднуваме и поради тоа одлучивме да им дадеме еднократна награда. Здравствените работници се во првите борбени редови и даваат се од себе за да спасат човечки животи. Ви благодарам што неуморно го давате својот максимим за подобро здравје на нашите најсакани - семејство, пријатели, нашите граѓани, вели Филипче.
По 30 илјади денари ќе добијат 7600 вработени во здравствените установи кои работат со ковид пациенти. Тие се нашите...
Posted by Венко Филипче on Thursday, 17 December 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа