Close Menu
Press24
    Најново

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Нови сообраќајни правила во ЕУ

    28.09.2026 во 14:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ромската инклузија и учеството на граѓанските организации во фокусот на форумот и завршната
    • Температури под нулата: УХМР откри какво време не чека неделава
    • 18-годишна девојка пријавила закани од поранешниот партнер
    • Трамп ја претстави America.gov – владин портал базиран на вештачка интелигенција
    • Три хороскопски знаци за кои октомври носи голема животна промена
    • Седум од десет Британци поддржуваат поблиски односи со Брисел
    • Мотоциклист и сопатник тешко повредени во судир со „голф“ кај Тетово
    • Андоновска: Грижата за срцето започнува денес – зачувајте го секое отчукување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ромската инклузија и учеството на граѓанските организации во фокусот на форумот и завршната

    Ромската инклузија и учеството на граѓанските организации во фокусот на форумот и завршната

    29.09.2026 во 21:11Updated:29.09.2026 во 21:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    конференција на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“

    Во Клубот на пратеници во Скопје се одржаа полиси форум и завршна конференција во рамките на проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“, финансиран од Европската унија.

    Настаните беа посветени на положбата на ромската заедница во процесот на европската интеграција и на придонесот на граѓанските организации во реформите и унапредување на инклузијата. Форумот отвори дискусија за националните програми за ромска инклузија и нивната поврзаност со Реформската агенда, Планот за раст и пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ.

    Во фокусот беа социјалната политика, образованието, спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите, и можностите граѓанските организации да придонесат и активно да се вклучат во овие процеси. Излагањата на присутните беа проследени со прашања и дискусија за предизвиците во спроведувањето политики и соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

    Од дискусијата произлезе генерален заклучок за следните чекори да бидат во фокус на поврзување на политиките со реформската агенда, реформите на национално ниво да не ја заобиколат ромската заедница да и насочување на политиките за инклузија на Ромите да се дел од мејнстриминг политиките Во вториот дел од денот се одржа Завршна конференција на проектот. Покрај панелот посветен на институционалните политики и европската интеграција, партнерите ги претставија проектните резултати, искуствата од спроведувањето и можностите за понатамошно користење на креираните материјали и продукти и воспоставената соработка. Презентациите ги опфатија меѓународното партнерство, поддршката на граѓанските организации преку програмата за подгрантови, вклучувањето на заедницата во промоцијата на ЕУ вредностите и значењето на ромската инклузија за пристапувањето кон ЕУ. Проектот обедини активности за јакнење на капацитетите на ромските и про-ромските граѓански организации, вмрежување, следење на политиките, дијалог со институциите, информирање и едукација на јавноста.

    Подготвените материјали и искуства од овие активности претставуваат основа за продолжување на работата со заедниците и учеството на граѓанскиот сектор во реформските процеси.

    Проектот „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ“ е имплементиран од Асоцијација за демократски развој на Ромите „Сонце “ – Тетово, Ромска Асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“- Скопје, Ромскиот ресурсен центар – Скопје и Симплексис од Грција, со финансиска поддршка од Европската унија.

    Прочитај повеќе

    Температури под нулата: УХМР откри какво време не чека неделава

    29.09.2026 во 20:54

    18-годишна девојка пријавила закани од поранешниот партнер

    29.09.2026 во 20:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.