На 12/13.12.2025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пронајдоа и одзедоа единаесет рибарски мрежи со должина од околу 550 метри со улов од 537 парчиња риба Охридска Белвица со вкупна тежина од 55.7 килограми.
Од 01.12.2025 година до 28.02.2026 година, на сила е Забраната за риболов, поради период за природен мрест на рибите и се однесува за сите риболовни зони во Охридското езеро поради што, контролните активности по Охридското езеро се интензивирани.
Се преземаат мерки за утврдување на сопственоста на мрежите по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Зеленски е незадоволен од воздушната одбрана: Руските дронови ја „гасат“ енергетската мрежа среде зима
- Србинка прва во светот ќе ја прими руската вакцина против рак
- Милица Тодоровиќ повторно проговори: Детето е старо 3 дена, поминувам низ пекол
- Белата куќа експресно го повлече видето во кое Трамп ги споредуваше Барак и Мишел Обама со мајмуни
- Дрон падна врз воена база во Полска
- Ковачки по назначувањето за генерален секретар: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија
- Николоски по изборот во ИК: Овој тим ќе ги донесе победите на следните избори
- Тошковски со честитка до новиот тим на ВМРО-ДПМНЕ: Заедно ќе одговориме на предизвиците

