43 мигранти, меѓу кои имало и деца пронајдено во камион на патот Свети Николе – Куманово

43 мигранти вчера на пладне биле пронајдени во камион на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, а полициските службеници успеале да го фатат возачот.

-Вчера околу 12.00 часот на регионалниот пат Свети Николе - Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници.  Станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан. За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега