42- годишен битолчанец кривично ќе одговара - тепал 24-годишна жена и ја држел затворена во викендица
СВР Битола му поднесе кривична пријава на 42-годишниот Љ.Т. поради сомениние дека сторил кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено на 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 - годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал.
25.10.2024 - 16:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа