Во Општина Ѓорче Петров оваа година за првпат во училишните клупи ќе седнат 410 првачиња.
-Заедно со нашите другарчиња од градинката „Росица“ – идните првачиња, ги одбравме анатомските ранчиња и училишниот прибор што ќе ги добие секое дете на почетокот на своето училишно патување, објави градоначалникот Александар Стојкоски.
Додава дека обезбеди се 410 бесплатни анатомски ранчиња, училишен прибор за секое прваче, бесплатна ужинка и 3.000 денари еднократна парична поддршка за секое прваче по почетокот на учебната година.
-Го олеснуваме товарот за родителите и создаваме убав почеток за нашите најмлади. 410 нови приказни започнуваат оваа есен во Ѓорче Петров! Инвестираме во децата. Инвестираме во образованието. Инвестираме во иднината, вели Стојкоски.


