Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ладно утро во Македонија, температурите наутро драстично се сменија за неколку дена – Ова е состојбата
    • Стопанската комора ги поврзува бизнисот, институциите и регионот преку низа економски настани
    • Собраниска комисија денеска ќе избира состав за селекција на кандидат за Судскиот совет
    • Регионалните предизвици на маса: Мицкоски на средба со Каја Калас и лидерите од Западен Балкан
    • „Безбеден град“ дава резултати: Драстичен пад на жртвите во сообраќајот
    • „Не пропуштај ниту еден ритам“: Скопје денеска во знакот на срцевото здравје
    • Исклучувањето ќе трае со часови – Делови од Скопје без струја
    • Пратениците денеска ќе бараат одговори од Владата – Пратенички прашања во Собрание
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра

    30 дена притвор за поранешниот правобранител Фехми Стафа, осомничен за поткуп од 50.000 евра

    14.12.2025 во 21:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.

    Стафа е осомничен за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.

    Притворот е определен на предлог на ОЈОГОКК, поради постоење опасност од бегство и можност Стафа да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата.

    Според Обвинителството, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра.

    Со парите требало да посредува и да го искористи своето влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје за укинување на мерка притвор на лице кое е во бегство.

    Првично барал 100.000 евра. На 6 октомври примил 30.000 евра, а на 13 декември примил уште 20.000 евра, по што бил уапсен.

    Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од 2018 до 2022 година. По разрешувањето, работел како адвокат и беше кандидат за член на Судскиот совет.

    Прочитај повеќе

    Ладно утро во Македонија, температурите наутро драстично се сменија за неколку дена – Ова е состојбата

    24.09.2026 во 08:19

    Собраниска комисија денеска ќе избира состав за селекција на кандидат за Судскиот совет

    24.09.2026 во 08:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.