3 грешки при варење и вапцање јајца кои често се прават

Велигден е празник кој носи радост во домовите, а велигденските јајца даваат посебна магија на празникот.

Домаќинките се трудат убаво да ги офарбаат и украсат, но често се прават и грешки.

Ова се најчестите грешки кои можеби придонеле да немате совршено офарбани велигденски јајца.

1. Купувате темни јајца

Прва грешка која често се прави. Ако веќе сте купиле премногу темни јајца, варете ги во вода во која имате ставено две чаши алкохолен оцет.

2. Не ги миете пред фарбање

Убаво треба да ги измиете јајцата пред да ги ставите да се варат. На тој начин ќе ги отстраните нечистотиите и ќе овозможите јајцето да добие поинтензивна боја.

По фабрањето ако сакате висок интензивен сјај, натопете салфетка во зејтин и премачкајте ги јајцата откако ќе се оладат.

3. Ги ставате јајцата во зовриена вода

Грешите ако мислите дека на овој начин ќе го скратите процесот на варење. Правилно јајцата треба секогаш да ги варите во студена вода. На тој начин температурата подеднакво ќе се зголемува, јајцата рамномерно ќе се варат и нема да пукаат.

21.04.2022 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега