Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 25 години Охридски рамковен договор – Свечена седница во Владата

    25 години Охридски рамковен договор – Свечена седница во Владата

    13.08.2026 во 08:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

    На настанот ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Седницата ќе се пренесува во живо преку официјалните профили на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“.

    Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во Скопје, по завршувањето на преговорите што се водеа во Охрид, со што беше означен крајот на вооружениот конфликт во земјата.

    Договорот во претседателската резиденција на Водно го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, лидерот на ПДП Имер Имери и лидерот на ДПА Арбен Џафери. Потписи ставија и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

    Во годините по неговото потпишување, за спроведување на договорот се донесени повеќе од 130 закони, измени и дополнувања. Од нив, 59 се однесуваат на правичната застапеност, додека 40 опфаќаат области поврзани со идентитетот, културата, образованието и децентрализацијата на власта.

    За следење и спроведување на договорот првично беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година беше трансформиран во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.