Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати

    25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати

    10.08.2026 во 08:06Updated:10.08.2026 во 08:532 Mins Read
    Принтскрин, видео, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ќе им оддаде почит на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила.

    Во рамки на одбележувањето, делегацијата ќе положи цвеќе и венци на повеќе спомен-обележја посветени на загинатите бранители.

    Првата активност е предвидена во 8 часот кај спомен-обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров. Во 8:30 часот ќе биде оддадена почит и кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково.

    Во 10 часот делегацијата ќе положи венци кај споменикот на загинатите бранители во селото Љубанци, додека во 12 часот ќе биде положено цвеќе и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.

    Со овие активности ќе се одбележи споменот на припадниците на резервниот состав на Армијата кои ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година.

    На 10 август 2001 година, при активирање мина на патот кон месноста Љуботенски Бачила, животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата – Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.

    На денешен ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски, кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

    Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.