Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 22 средни училишта се обединуваат за животните во Скопје ЗОО

    22 средни училишта се обединуваат за животните во Скопје ЗОО

    25.09.2026 во 08:141 Min Read
    Плакат
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Средношколци од 22 средни училишта од Скопје ќе се обединат во заедничка иницијатива посветена на животните и поддршката на Зоолошката градина Скопје, во рамки на дводневниот базар „100 години Зоолошка – 100 години грижа за животните“.

    Базарот ќе се одржи денеска и утре, од 12 до 15 часот, во Зоолошката градина Скопје, по повод одбележувањето на 100-годишниот јубилеј од нејзиното основање.

    На настанот средношколците ќе ги претстават своите креативни производи, ракотворби и изработки, кои посетителите ќе можат да ги купат. Средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за потребите и грижата за животните во Зоолошката градина.

    Организаторите велат дека целта на базарот е да се поттикнат креативноста, емпатијата и одговорноста кај младите, како и нивната грижа за животните. Воедно, настанот им овозможува на средношколците активно да се вклучат во одбележувањето на 100-годишнината на една од најстарите институции во Скопје.

    Од Зоолошката градина ги повикуваат граѓаните, семејствата и љубителите на животните да го посетат базарот, да ја поддржат креативноста на младите и заеднички да бидат дел од одбележувањето на големиот јубилеј на Скопје ЗОО.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.