Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата
    • Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци
    • ГАЛЕРИЈА: „Ќе се осакати некое дете, па кој ќе биде крив?“ – Граѓаните во Кисела Вода револтирани
    • Голема трагедија: Српскиот водител почина по сообраќајна несреќа
    • „Слушни, препознај, поддржи“ во Кисела Вода: Трибина за проблемите со кои се соочуваат децата
    • Македонија и соседите за Коридорот 8 – Фокус на поврзувањето и инфраструктурата
    • Муцунски и Петрова на иста маса: Средба за односите меѓу Македонија и Бугарија
    • „Експо 2027 Белград“ во Скопје: Можности за македонските компании, институции и организации
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови жаришта на сипаници кај овци и кози – АХВ уверува дека нема ризик за здравјето на луѓето

    Нови жаришта на сипаници кај овци и кози – АХВ уверува дека нема ризик за здравјето на луѓето

    16.07.2026 во 09:551 Min Read
    АХВ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во земјава од почетокот на јули се потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Болеста е регистрирана во одгледувалишта во Саса, Македонска Каменица, село Соколарци во општина Чешиново-Облешево, село Бигла во Делчево, селата Малино и Косевица во Свети Николе, како и во село Сопот во општина Куманово.

    Според податоците на АХВ, во моментов има вкупно 17 потврдени жаришта, при што заболени се над 2.700 животни. Болеста е потврдена во 15 одгледувалишта на овци и две одгледувалишта на овци и кози. Првото жариште годинава беше регистрирано во јануари во село Лопате, општина Куманово.

    Од АХВ информираат дека ќе продолжи депопулацијата на животните во новите жаришта, откако ќе бидат обезбедени согласности за локации за нивно закопување. Досега се извршени мерки за депопулација на повеќе од 1.400 животни, а последната интервенција била спроведена во село Сопот, Куманово.

    Агенцијата одржала и средба со здруженија на одгледувачи на овци, на која била разгледана актуелната епидемиолошка состојба, проблемите со кои се соочуваат сточарите и мерките за спречување на ширењето на болеста.

    Одгледувачите биле информирани и за потребните биосигурносни мерки, како и за начинот на навремено пријавување на сомнителни случаи до надлежните служби.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Пожарите не стивнуваат: ЦУК информира за состојбата

    08.10.2026 во 08:26

    Судењето за „Пулс“ продолжува: Одбраната со нови докази и сведоци

    08.10.2026 во 08:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.