Вчера во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15 – годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј.(25) од Куманово.

Исто така, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.  Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Exit mobile version