Close Menu
Press24
    Најново

    Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници

    28.10.2026 во 13:14

    Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем

    28.10.2026 во 13:09

    Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село

    28.10.2026 во 13:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници
    • Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем
    • Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село
    • Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата
    • Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
    • Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
    • Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Песок проголта 13-годишно девојче на дива плажа, трагедија во Русија

    Песок проголта 13-годишно девојче на дива плажа, трагедија во Русија

    28.07.2026 во 21:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тринаесетгодишно девојче исчезна во рускиот град Нижни Тагил откако дел од песочна плажа покрај напуштен каменолом се урна додека група тинејџери престојувале во близина на ризична пукнатина.

    Според информациите, девојчето му се приближило премногу блиску на работ кога земјата одеднаш подлегнала. Таа паднала од висина од околу десет метри директно во водата, по што веднаш била затрупана од огромна количина песок.

    Иако самиот момент на падот не е снимен, присутните тинејџери успеале да го снимат хаосот веднаш по несреќата. Снимките прикажуваат паника меѓу младите додека дел од луѓето кои успеале да се извлечат од водата се обидуваат да ги лоцираат преостанатите капачи.

    Сведоците велат дека присутните се обидувале да го пронајдат девојчето околу 20 минути пред да се случи нов колапс на теренот. Потрагата трае веќе три дена, а нуркачки екипи го пребаруваат дното. Користењето на тешка механизација засега е оневозможено поради рекордни врнежи од дожд и натопеност на земјиштето, што создава дополнителен ризик од нови одрони.

    Пред трагедијата, на истото место веќе имало одрон кога дел од брегот заедно со работите на капачите паднал во водата. Според сведоштвата на социјалните мрежи, младите продолжиле да престојуваат на опасниот раб.

    „Зборувам од моја перспектива бидејќи видов сè. Каменолом се урна за прв пат и сите работи паднаа под вода. Сите трчаа да ги најдат и да ги извлечат. Потоа се појави пукнатина и некои идиоти почнаа да прават салто. Таа отиде да погледне, а потоа сè се открши и таа се стркала во водата. Кога излезе на површина и ја крена главата, врз неа паднаа два кубни метри песок и ја закопаа. Двајца момци едвај успеаја да се спасат. Стоевме во шок, а потоа веднаш почнавме да копаме, додека некој се јави во Министерството за вонредни ситуации“, напиша едно девојче на социјалните мрежи.

    Каменоломот „Лебјажински“ во минатото се користел за ископ на градежен камен од фирма која повеќе не постои. И покрај строгите забрани за капење, локалното население и младите често го посетувале ова место.

    Истражните органи веќе отворија кривична постапка за целосно расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    Страшно невреме се заканува и на Турција

    28.10.2026 во 11:23

    Напаѓачот претходно бил депортиран од Германија – Нови детали за терористичкиот напад во Белград

    28.10.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.