Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето
    • Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти
    • Мицкоски: Растот ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто
    • ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » 12-годишниот Македон со неверојатен успех: Примен во престижната програма на „Џонс Хопкинс“

    12-годишниот Македон со неверојатен успех: Примен во престижната програма на „Џонс Хопкинс“

    16.09.2026 во 10:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Само на 12 години, Македон Димитровски е примен во престижната програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД.

    Веста ја објави неговиот татко Владимир Димитровски на Фејсбук, при што упати благодарност до министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за, како што наведува, човечноста, разбирањето и поддршката што му ја дала на Македон.

    Тој посочува дека нејзиниот придонес за можноста неговиот син да се запише во „Johns Hopkins Center for Talented Youth“ (CTY) има големо значење за целото семејство.

    Приемот во програмата претставува значајна можност за млади талентирани ученици да го надградуваат своето знаење и да се вклучат во образовни програми при престижниот американски универзитет.

    „Grand Honors“ претставува највисоко признание за исклучително високи резултати во рамки на CTY тестирањето, додека SET (Study of Exceptional Talent) е програма и признание на „Johns Hopkins“ за ученици кои постигнуваат исклучително високи резултати, значително над очекуваното за нивната возраст.

    На само 11 години, Македон постигнал и 1.440 поени на SAT тестот – 740 поени по математика и 700 поени по читање и пишување.

    „Зад сите овие бројки и признанија стои едно нешто – огромна љубов кон знаењето“, пишува неговиот татко.

    Тој додава дека Македон досега има освоено повеќе од 20 златни медали на меѓународни математички натпревари, а сега продолжува да учи, да сонува и да ги поместува сопствените граници.

    Владимир Димитровски во објавата упатува и јавна благодарност до министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за нејзината поддршка.

    „Од срце сакаме јавно да ѝ се заблагодариме на министерката Сања Божиновска, а пред сè на човекот Сања, за нејзината човечност, разбирање и искрена поддршка за Македон. Нејзиниот придонес за остварувањето на можноста Македон да се запише на Johns Hopkins Center for Talented Youth (CTY) е нешто што за нас има огромно значење“, наведува Димитровски.

    Тој посочува дека зад секој успех на едно дете стојат многу труд, знаење и посветеност, но понекогаш е потребна и поддршка од човек кој ќе го препознае талентот и ќе помогне во вистинскиот момент.

    „Ви благодариме, министерке, но пред сè – Ви благодариме, Сања, што покажавте дека зад функцијата стои човек со срце“, пишува таткото на Македон.

    Како што додава Димитровски, поддршката ќе остане дел од патот на Македон кон нови знаења, предизвици и успеси.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето

    07.10.2026 во 12:42

    Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти

    07.10.2026 во 12:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.