Брнабиќ ги распиша изборите за Белград за 2 јуни

 


Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ за 2 јуни ги распиша изборите за советници за градското собрание на Белград.

„Моја законска и уставна обврска е да ги распишам до полноќ, можеше и порано, но на барање на опозицијата и на српскиот претседател Александар Вучиќ, изборите во Белград поместени се за 2 јуни“, рече Брнабиќ.

Со ова белграѓани по втор пат за шест месеци ќе излезат на гласање.

03.04.2024 - 18:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега