Жител на Могила пронашол авионска бомба и две гранати


Завчера во 14.05 часот во СВР Битола, Љ.Ѓ. од с.Градешница, општина Могила, пријавил дека во селото пронашол три стари гранати.

Вчера пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ги подигнал експлозивните средства и констатирал дека се работи за една артилериска граната калибар 155 мм, една авионска бомба 10 либри и една артилериска граната калибар 75мм, сите по птекло од Првата светска војна.

18.03.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега