Зајкова: Граѓаните се разочарани и се чувствуваат изневерени

За да се биде лидер на една партија, треба храброст, но и одговорност пред граѓаните и пред сѐ, пред државата, вели претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова во интервју за Макфакс.

„Граѓаните се разочарани и се чувствуваат изневерени и мислам дека како партија која долго егзистира на политичката сцена, имаме еднаква одговорност да го оправдаме нашето постоење кон граѓаните со конкретни мерки и политики и да помогнеме општеството да излезе од таа апатија. Знаете, кога сте млади, имате поголем ентузијазам, повеќе енергија и може да постигнете повеќе“, посочува Зајкова за тоа како е да се биде дел од политичките процеси во државата.

Претседателката на ЛДП вели дека ова е време на нови идеи, нови проекти и иницијативи, кои наместо популизам, треба да произведат конкретни мерки. Тие конкретни мерки треба да го подобрат секојдневието на секој човек, затоа што либерализмот е политичка идеологија која е најблиску до индивидуата и секој може да се поистовети со одредена либерална мерка.

„Од претседателот се очекува да влече напред. Тоа се нови мерки, дел од нив биле и во некои наши програми, меѓутоа за жал, за жал, не биле изминативе 20 години реализирани, а кои што сѐ уште се атрактивни. Мислам дека сега е најпогодно време да покажеме кон граѓаните дека сме тука и постоиме за нив и пред сѐ, за нивните интереси и да ги менуваме нештата“, истакнува Зајкова.

27.12.2022 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега