ВМРО-ДПМНЕ: Што крие власта од народот, нова афера тајни имот

ВМРО-ДПМНЕ најави дека на прес-конференција во 12 часот ќе открие голема афера во милионски износ.
 
Од партијата прашуваат дали институциите работат или служат на СДСМ.
„Си ја вршат ли институциите работата или служат за прикривање на незаконитостите и криминалите на функционерите на СДС? Дали наместо во служба на народот, група луѓе од СДС и ДУИ си работи за себе? Колку се почитуваат законите? И колку се применуваат? Во понеделник на прес конференција во 12 часот ќе откриеме голема афера во милионски износ. Низ факти до одговор на прашањето зошто Македонија тоне, затоа што наместо работа се прави криминал“, велат од партијата.

 

21.10.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега