ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски се одржува на апарати

Ковачевски се одржува на апарати, секој ден притискаат пратеници кои се против неговата деструкција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на Ковачевски секој ден се повеќе наликува на влада на Албанија и Бугарија, а не само на Македонија, нема барање кое не го исполнуваат, и затоа и се повеќе пратеници од власта се за предвремени избори.

Ковачевски гледа дека нема поддршка ниту во сопствената партија, па затоа се служи со притисоци врз неговите сопартијци. Ликови од подземјето вршат притисоци со цел владата на Ковачевски да опстане ден повеќе.

Ковачевски треба да знае дека неговите денови се одброени, ден повеќе или помалку нема да му промени многу. Од друга страна криминалците кои заплашуваат пратеници треба да знаат дека одговорност за секој криминал ќе има, реагираат од партијата.

23.01.2023 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега