ВМРО-ДПМНЕ: Кoлапсот на државата се пресликува во судството

Колапсот на државата се пресликува во судството, со Ковачевски и СДС може само полошо. Вака го опишуваат судството во Македонија ВМРО-ДПМНЕ.

„Судството се сведува на партиски инсталации. Не може да помине унпаредување на обвинител или судија без партиите на власт да дозволат. СДС и ДУИ го држат цел систем заробен, затоа довербата на граѓаните во судството се сведува на статистичка грешка.

Врвот на власта на чело со Ковачевски поставува судии, обвинители, унапредува и дава функции како што е примерот и со шефот на ЈО за организиран криминал Абази поставен од ДУИ.
 
Во ситуација кога власта диктира се во судството, немаме судска независност, туку судството е директно под капата на СДС и ДУИ. Сите одлуки се партиски диктирани и затоа немаме ниту еден осуден функционер од власта, ниту пак има отворање на истрага за случаите како Броило, братот на Груби, сопругата на Ковачевски, и пред се за шокантното потпишување на договорот за Коридорот 8“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.

„Со СДС и ДУИ не може подобро, може само полошо. Потребни се промени на власта и ослободување на судството од партискиот притисок“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

27.04.2023 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега