ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се сведоци на ладнокрвни убиства среде Скопје, затоа што Спасовски е во пакт со мафијата

 

„Граѓаните се сведоци на ладнокравни убиства среде Скопје, заради пактот на Спасовски и мафијата, власта наместо да се справува со криминалот е уортачена со него. На само стотина метри од владата на Македонија луѓе со автоматски пушки ладнокрвно убиваат, загрозена е безбедноста и јавниот ред и мир и никој не понесува одговорност“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека додека Оливер Спасовски е зафатен со помагање на заменикот Буши, чиј син беше фатен како дивее по улиците, или со поставување на командири кои потоа ги фаќаат како тргуваат дрога, Македонија е се понебезбедна држава. Не може да сведочиме на ликвидации, и никој од МВР да не понесе одговорност.

-Пресметките по улиците се резултат на криминализираноста на власта. Потребни се промени за Македонија да стане безбедна држава, се вели во соопштението.

10.03.2023 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега