(ВИДЕО) Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе позитивни политики во земјоделскиот сектор

„Најнапред сакам да го честитам 4-ти април, Денот на тутунските работници, тутунопроизводители во Република Македонија, уште долги години да си го слават овој ден. И како симболика денеска она што значи отвореност на ВМРО-ДПМНЕ е комуникацијата секојдневна со земјоделците ширум Република Македонија.

Денес одржуваме седма трибина по ред во пелагонискиот регион, на која што ќе раговараме за актуелните состојби во земјоделството. Нажалост не можеме да констатираме добри успешни политики предводени од Владата. Меѓутоа тука е ВМРО-ДПМНЕ на оваа трибина да понуди конкретни решенија и мерки како за брзо време од сега преку конкретни решенија и проекти ќе донесеме позитивни политики во земјоделскиот сектор“, изјави Цветан Трипуновски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите вечерва од Прилеп.

ВМРО-ДПМНЕ останува да биде светлата точка на крајот од тунелот во кој што се наоѓаат земјоделците во актуелната ситуација и со едни добри политики ќе значи враќање на достоинството на македонскиот земјоделец, порача Трипуновски.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане посветен и сериозен партнер на земјоделците кои што едноставно ќе можат да егзистираат во наредниот период во Република Македонија. 

04.04.2023 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега