ВИДЕО: Путин збесна во разговор со министерот за економија

Владимир Путин вчера нареди нова промена во неговиот воен кабинет и го деградира шефот на силите во Украина.

Генералот Сергеј Суровикин, кој го доби прекарот генерал Армагедон за неговата тактика за време на руската интервенција во Сирија, на 8 октомври беше именуван за главен руски воен командант. Путин вчера го смени Суровикин со генерал Валериј Герасимов, началник на рускиот Генералштаб.

 

 

 

Путин на владина видеоконференција го нападна вицепремиерот и министер за економија и трговија, Денис Мантуров, дека не набавил воени и цивилни авиони и го обвини дека се шегува.

Го обвини дека глумел будала откако политичарот заминал во Турција, земја од НАТО, на новогодишните празници.

„Нема договори. Што ќе ми кажеш? Знам дека нема договори во компаниите, ми кажаа директорите. Зошто се шегуваш?“, му вели Путин во видеото. Тој му рече на министерот дека има еден месец да го среди нередот што доведе до недостиг на воени авиони.

„Сето ова мора да се заврши во рок од еден месец… Зарем не разбираме во какви услови живееме?, извика Путин.

Мантуров слушаше сè со наведната глава.

 

12.01.2023 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега