(ВИДЕО) Панова: Власта краде милионски суми преку криминални тендери

Во рамките на активностите со кои што го посетуваме секое населено место во Република Македонија денес, нашиот тим се наоѓа во Вељуса, понатаму ќе продолжиме да го посетиме населеното место Водача и на крајот ќе отидеме во Рич, рече пратеничката Ели Панова.

Таа истакна дека на овие средби граѓаните јасно укажувале дека некои од нив се каат за начинот како гласале во минатото, затоа што се покажало дека оваа власт била заинтересирана само за криминални тендери, а од друга страна пола милион граѓани живееле на работ на сиромаштија со по 150 денари на ден.
„На државно ниво се крадат милионски суми, а граѓаните живеат со 130 денари на ден. Пола милион граѓани се на работ на сиромаштијата поради тоа што оваа власт е алчна за криминални тендери и, буквално, распљачкување на македонскиот народ“, рече Панова.
Додаде дека граѓаните им укажуваале дека е време да му се стави крај, како што рече, на ова „катастрофално владеење, за да се врати вербата и достоинствениот живот на граѓаните“.

14.05.2023 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега