ВИДЕО: Огромна дупка проголта автомобили во Лос Анџелес

 

Две лица заробени во автомобил проголтан од голема дупка беа спасени во Лос Анџелес. Дупката е последица од зимската бура што предизвика хаос во Јужна Калифорнија.

Пожарникарите пронашле две возила едно врз друго на приближно 4,5 метри под нивото на улицата.

Спасувачкиот персонал користел јаже и скала поставена над дупката за да го спушти спасувачот до девојката и жената, кои биле прицврстени со појас и подигнати на површината.

11.01.2023 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега