(ВИДЕО) Ковачки: Народот гази кал и нема вода за пиење, а го полни буџетот кој криминалците на ДУИ и СДС го крадат

Драган Ковачки со неговиот тим беше во посета на населени места во делчевско каде што оствари средба со жителите на Стамер, Град и Вирче.
Ковачки истакна дека во овој регион не била донесена ниту една странска инвестиција и дека жителите од овој регион се гушеле во беспарица и голема сиромаштија, газеле кал и како што кажа, на одредени места немало ни вода за пиење.

„Овде не е донесена ниту една странска инвестиција, народот се гуши во сиромаштија, во беспарица и има голема безперспективност. Тој народ што ги плаќа овие криминалци од ДУИ и од Социјалдемократскиот сојуз што го крадат биџетот, во моментов гази кал и одредени места немаат вода за пиење“, рече Ковачки.

„Имаме одлучност и знаеме како треба да дојдеме до промени. Знаеме како после промената на власта да создадеме услови за еднаков развој на целата држава“, истакна Ковачки.

14.05.2023 - 16:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега