(ВИДЕО) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ го смисли и го спроведе крвавиот 27 април

„27 април е најцрниот, најкрвавиот датум во современата македонска историја. Пред шест години, овде, во македонското Собрание го видовме вистинското, насилничко и режимско лице на ВМРО-ДПМНЕ.
 Вооружени насилници под контрола на ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието, со цел да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во Собранието, да го загрозат уставниот поредок па дури и да предизвикаат граѓанска војна.
Само за они да продолжат да крадат, да пробаат да се спасат од правдата и да ја држат Македонија во залижништво. Да, ВМРО-ДПМНЕ го смисли и го спроведе крвавиот 27 април“. Вакви пораки испрати од денешната говорница во Собрание, пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски. 
 
„27 април е крвавиот печат на ВМРО-ДПМНЕ од кој оваа партија и ден денеска не сака да се откаже.
Нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, ниту милиметар, тоа е истата режимска и насилничка партија.
 
Партијата предводена од Христијан Мицкоски кој и самиот беше надвор во толпата денес се уште е на страната на осудените насилници.
 
Наместо осуда, наместо извинување, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги слави осудените насилници, нарекувајќи ги уставобранители, лицата кои се обидоа да го суспендираат уставниот поредок“, изјави Костовски.
27 април – никогаш повеќе, додаде тој.

27.04.2023 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега