ВИДЕО: Голем пожар во зграда во Москва, евакуирани над 230 луѓе

 

Пожар избувна во еднокатна зграда во Москва, јавуваат руските медиуми.

На терен веднаш излегоа пожарникарски екипи, а пожарот веќе е локализиран, наведуваат од службите.

Според изворот на руски „Лајф“, се урнал покривот од зградата, а луѓето се евакуирани. Пожарот зафатил и магацин, во кој се наоѓа автосервис, на улицата Доброљубов.

Опожарената површина е 2.000 квадратни метри, соопшти прес-службата на главниот штаб на Министерството за вонредни состојби. Одделот соопшти дека 233 лица ја напуштиле запалената зграда пред да пристигнат пожарникарите.

Според прелиминарните податоци, на територијата на комплексот се чуваат парфимериски производи, а во административниот дел на зградата има и хостел.

Засега не се познати причините за инцидентот.

 

 
10.01.2023 - 17:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега