Велешанка осомничена за детска проституција - терала 15-годишно девојче да дава сексуални услуги во Скопје и Велес
Малолетничка давала сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а подведувачката и ги земала „заработените“ пари.
Како што соопшти МВР, Н.Д.(20) од Велес, во периодот од 4 до 13 јули 2020 година во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала, се истакнува во полициското соопштение.
На 13 јули 2020 година девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки.
17.09.2020 - 16:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа