Унгарскиот премиер ја обвини Америка дека профитира од конфликтот во Украина

 

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, смета дека Соединетите Американски Држави, дефинитивно, имаат корист од конфликтот во Украина, а во економска смисла Европејците се главните жртви.

„Оние што претрпеа штета од погрешната политика на санкции и војната се Европејците. Америка, дефинитивно, ја добива војната, а Европа губи. Што се однесува до Русија, сè уште е дискутабилно дали сега победуваат или губат, но ако зборуваме за пари – не губат толку. Генерално, во економска смисла со сигурност може да се каже дека единствениот, поточно најголемиот губитник во целиот овој конфликт е Европа“, изјави Орбан за радиото „Кошут“.

Тој рече и дека ЕУ нема храброст да признае до кој степен е погрешна политиката на санкции против Русија.

„Унгарија нема сила да го промени начинот на размислување на големите земји бидејќи политиката на санкции против Русија, веројатно, ќе продолжи и покрај тоа што не покажува никаква ефикасност“, додаде тој.

Претходно, Орбан изјави дека Европа губи откажувајќи се од руските енергетски извори во корист на американските бидејќи е принудена да плати од пет до десетпати повеќе за нив, пренесе „Новости.рс.“

13.01.2023 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега