Украинскиот министер за одбрана: Ние сме де факто членка на НАТО

Украина стана де факто членка на НАТО алијансата, вели украинскиот министер за одбрана, бидејќи западните земји, некогаш загрижени дека воената помош може да се гледа како ескалација од страна на Русија, го менуваат својот „пристап на размислување“.

Во интервју за Би-Би-Си, Олексиј Резников рече дека е сигурен дека Украина ќе го добие долго бараното оружје, вклучително и тенкови и борбени авиони, бидејќи Украина и Русија се чини дека се подготвуваат за нови офанзиви на пролет.

„Оваа загриженост за следното ниво на ескалација, за мене, е некаков протокол“, рече Резников.

Рускиот претседател Владимир Путин ја оквалификува својата инвазија на Украина како егзистенцијална битка против западните земји кои сакаат да ја ослабат Русија.

13.01.2023 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега