Ученик во Германија сам се пријавил во полиција за убиство на наставничка во училиште

 

17-годишно момче е осомничено дека денеска убил наставник во стручно училиште во северозападна Германија, соопштија властите.

Ученикот го побарал својот учител во училишната зграда во Ибенбуерен, во близина на границата со Холандија, кој во тоа време бил сам во училницата.

Ученикот е осомничен дека со нож смртно ранил 55-годишна жена, наведуваат во заедничко соопштение обвинителството и полицијата.

Потоа сам се пријавил во полиција и без да пружи отпор бил уапсен.

Во соопштението се вели дека истрагата е „во рана фаза“ без да се дадат информации за кој било можен мотив,пренесе Денес.рс.

10.01.2023 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега