Уапсен 22-годишник откако сопругата го пријавила за физички напад
Жена од неготинско село пријавила физички напад од сопругот вчера околу 18 часот во СВР Велес.
– Дваесетгодишна жена пријавила дека во семејниот дом, по претходна расправија била физички нападната од 22-годишниот сопруг. Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, појасни портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
17.09.2020 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа