Трагедија во Македонија: Шестгодишно дете починало откако паднало од трактор

 

Шестгодишно дете починало во болница по пад од трактор во село Дебриште.

Според пријавеното во 19.40 часот во с.Дебреште, прилепско, додека А.А.(27) од село Дебреште управувал трактор „имт-539“, без регистарски таблици, од тракторот паднало шестгодишно дете, кое се превезувало со него, и се здобило со повреди, по што било пренесено во Градска болница Прилеп каде што лекар констатирал смрт.

Увид извршила екипа Полициската станица Прилеп во присуство на Јавен обвинител. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега