Томовски: Растурањето на пердуви и карањето со новинари на Груби е бегство од скандалот со надзорот на градбата на коридорот 8

Артан Груби прилично нервозен во коментарите. Се скара со “огнените”, стандардно се кара со ВМРО-ДПМНЕ, се скара со новинарите, се кара и со здравиот разум, пишува Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека Груби за дефокусирање игра фудбал во работно време.

-Во меѓувреме ќе растура пердуви за уставни измени, за Руси, за антиалбанство, за вештачки хибридни напади, и во тој налет веројатно ќе бара и прасиња во Техеран. Но и на малите деца им е јасно дека карањето е последица на нервозата и ако некој незнаел, ете така изгледа уплашен човек.

Зад маската на сите растурени пердуви седи желбата за брзи пари, тендери, и за надзор на шпанската фирма Ептиса , која во меѓувреме станува доминантно кинеска што ја прави единствен случај во Светот каде наводно кинези ќе вршат надзор над американска компанија. Нормално сето ова е можно ако ДУИ е власт и еден слаб и доволно склон кон криминал партнер СДС, вели Томовски.

09.03.2023 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега