Татко и син истепани во автопералница во Тетово

 

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди, откако тој и неговиот татко биле нападнати во автопералница во Тњетово.

-На 14.09.2020 во СВР Тетово полициски службеници од Полициска станица Тетово ги лишиле од слобода Е.С.(19), Ј.М.(18) и Д.А.(19), сите од тетовско Теарце, постапувајќи по претходна пријава. Според пријавеното, 17-годишник од тетовско Пршовце, заедно со неговиот татко, околу 16.30 часот во автопералница во ова село, во која работел, бил физички нападнат од три лица, кои нападнале и лице кое се обидело да ги раздели, при што користеле тврди предмети и на малолетникот му нанеле тешки телесни повреди. Тројцата напаѓачи биле задржани во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе следува поднесок - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега