Стојаноски: Помпео предупреди од подмитување од кинески фирми при зделки, а власта избра кинеска фирма за надзор на коридорите

 

Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д првин избрал руска фирма, а сега кинеска, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на прес-конференција.

Опозициската партија наведе дека надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од кинези, па така Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра.

„Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од кинези, бидејќи кинез е главниот извршен директор. Не знаеме дали овие кинези на Груби му личат на шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат. Ова е единствен случај во светот каде Кинеска компанија ќе контролира американски гигант, за какви криминални врски станува збор со владата на Груби и Ковачевски?

Груби и Ковачевски со изборот ма ЕПТИСА одаг во целост против ставот на Американската администрација, искажан од државниот секретар Мајк Помпео при неговата посета во Охрид, кој гласи: Сакам да ве предупредам за учеството на Кина во чувствителни технологии и нивната стратегија за подмитување при обезбедување на зделки“, рече Стојаноски.

Пратеникот наведе дека Груби и Ковачевски и овозможиле на кинеската ЕПТИСА да има увид на технологиите на БЕХТЕЛ.

Побара од Јавното Обвинителство да отвори случај за изборот на надзорот, и со големо внимание да ја земе предвид и изјавата на државниот секретар на САД Помпео, кој предупредува на корупција.

10.03.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега