Стојаноска: Надлежните ако не знаат да се справат со дојавите за бомби, нека побараат помош од НАТО партнерите

 

Не сакавме да даваме легитимност на Комисија за одбрана и безбедност која однапред беше договорено да биде затворена, а беше свикана на барање на најголем број на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Освен актуелните случувања со дојавите за бомби во училишта, нас не интересираше и што се случува со партизацијата во МВР, што се случува со издадените пасоши на белосветвски криминалци. Ние сметавме дека не треба да биде затворена седница, бидејќи јавноста има право да знае и треба да се разговара за темите, рече Дафина Стојаноска, пратеник и член на Извршниот комитет од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 24 коментирајќи зошто пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност.

Стојаноска посочи дека не е страшно ако немаат капацитет да одговорат на дојавите за бомби, но треба да побараат помош од стратешки партнер, членка на НАТО.

„Што станува со паниката, со родителите, учениците. Не гледам активност на надлежните. И сега се кријат зад информации, точно дека сите дојави испаднаа дека се лажни, но што ако се случи една да не е“, праша Стојаноска.

Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не го води системот и не може да одлучува по ова прашање за дојавите за бомби.

„Ние сме дел од парламентот и можеме да делуваме преку Собранието, други одлуки не можеме да носиме“, посочи Стојаноска укажувајќи дека надлежните и Владата предводена од СДСМ само го релативизира прашањето.

 

26.12.2022 - 21:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега