Стоилковски: Нивата зад мене е местото на кое пред 235 дена најавија дека ќе се гради фабрика за автомобили

И по 235 дена нема фабрика за автомобили, само празна нива во Тетово посеана со лаги од ДУИ и СДС, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски застанат на локацијата.

„Зад мене е местото наменето за фабриката за електричен автомобил целосно произведен во Македонија за чијашто градба свечена церемонија се одржа на 13 август, пред точно 235 дена. Потпишаа договор за фабрика- инвестиција со фирма на бизнисмен близок до ДУИ. На денот на Рамковниот. И по 235 дена, ова е резултатот. Апсолутно ништо! Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, празна нива посеана со лаги“, рече Стоилковски.

Побара од Ковачевски и Ахмети да одговорат каде е фабриката, каде се најавените 890 работници и автомобилите произведени во Македонија.

 
 
05.04.2023 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега