Стоилковски најавува дека ќе објави дел од договорот со „Бехтел и Енка“: За што се дадени 117 милиони евра?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски најавува дека ќе објави дел од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Тој на социјалните мрежи објави дека за еден час отсега ќе објави за што државата дала 117 милиони евра.

„ЕКСКЛУЗИВНО!

За што се дадени 117 милиони евра ?

Во живо, за неполн час од сега, тука на ФБ, дел од договорот што го кријат. “, напиша Стоилковски.

02.05.2023 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега