Стоилковски: Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје. Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје, праша на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски побара одговор и на прашањето колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат, рече Стоилковски.

Стоилковски додава дека Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!

Спорeд него срамота е Спасовски да се крие на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.

Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот,изјави Стоилковски.

14.03.2023 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега