Скопјанец измамен: Му рекле дека ќерка му прегазила дете, па за да и помогнат му побарале пари

Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(69) од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2800 евра.

Според пријавеното, околу 09.00 часот му се јавило лицето кое му кажало дека неговата ќерка прегазила дете – мигрант и требало да даде пари за да и помогнат.

Според пријавеното, околу 15 минути подоцна пред зграда во Скопје М.Ј. на непознатото лице му дало 2800 евра, но откако се јавил на неговиот син сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега