Се урна потпорен ѕид во Радовиш - оштетени неколку автомобили

Потпорен ѕид се урна синоќа во Радовиш, во близина на Етнолошкиот музеј. Од урнатините се оштетени неколку автомобили, но во моментот на урнувањето немало движење на пешаци.

Според граѓани кои живеат во близина, се се случило одеднаш и за миг камењата се струполиле на коловозот.

Екипи на ЈП „Плаваја“ изутрината го расчистија коловозот, за да може нормално да се одвива сообраќајот, а според најавите од Општина Радовиш, оштетениот ѕид ќе се санира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега